Со глисер тешко е повреден стружанец на плажа

- Локални, Хроника
1283

На 31-ви јули 2019 година, околу 18:00 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, кај месноста викана „Машка плажа“ со глисер е повредено лице од Струга.

– Со глисер, управуван од страна на 43-годишниот Б.Л. од струшкото село Франгово, повреден е 60-годишниот С.Ч. од Струга. Истиот е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари