Сообраќајна незгода на патот Подмоље-Ќафасан-три лица се повредени

- Локални, Хроника
904

На магистралниот пат село Подмоље-Ќафасан, вчера околу 12:50 часот се случила сообраќајна незгода во која се повредени три лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Е.С. од Струга и возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Општа болница од Струга, управувано од 43-годишниот М.М. од струшкото село Делогожда. Притоа, со тешки телесни повреди се здобилe Н.М.(58) од село Лабуништа и Џ.М.(59) од село Лабуништа, кои биле во возилото „Цитроен“ и биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Цитроен“, А.М.(28) од село Лабуништа, констатирани во болницата „Св. Еразмо“. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари