Средства за младата Сара од Охрид донирајте утре на натпреварот помеѓу РК Струга и РК Охрид

- Локални
1390

ЈП „Билјанини извори“ во соработка со Црвен крст Охрид се вклучува во акцијата за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид за која итно е потреба голема сума за пресадување на коскена ‘срж. Интервенцијата треба да се изврши во Германија, а за младата Сара потребни се повеќе од 200 000 евра.

Затоа, пред натпреварот помеѓу ракометните клубови  на Струга и Охрид што се игра утре во 19:30 часот, во „Билјанини Извори“  ќе бидат поставени кутии за донирање , се очекува бројната публика која ќе го следи натпреварот да ја покаже својата хуманост на дело. Од студиото на Play radio, апел до сите хумани луѓе испрати и првиот човек на РК Струга,  Наумче Мојсоски, да донираме сите во рамките на своите можности и да се сплотиме за Сара, само на тој начин на утрешниот натпревар сите ќе бидат победници.

Strugaonline

Facebook Коментари