Стартуваше 51-от Меѓународен ракометен турнир ,,Струга 2023“

- Локални, Спорт
272

Со натпреварот помеѓу РК Струга и РК Вардар 1961 кој заврши со резултат од 29:17 за гостите од Скопје, вчера во Струга стартуваше 51-то издание на Меѓународниот ракометен турнир ,,Струга 2023“.

Потоа следуваше свеченото отварање, а атмосферата од истото ви ја пренесуваме низ фотографии од објективот на Денис Дуковски.

Во вториот натпревар од првиот ден на турнирот, РК Алкалоид со резултат 27:23 го победи тимот на Димано Панчево од Србија.

За престижната титула-победник на овој турнир со долга традиција, годинава се борат три домашни и три странски екипи.

Во групата А се најдоа тимот на Алкалоиод, грчки – АЕК Атина и српскиот тим Динамо Панчево.
Во групата Б е двократниот европски шампион Вардар, домаќинот Струга и шведскиот тим Ескилстуна Гуиф.

Денеска во терминот од 18:30 часот играат АЕК Атина и Динамо Панчево, а во вториот термин од 20:30 часот ќе се сретнат тимовите на РК Гуиф и РК Струга. Освен во публика на игралиштето Горан Попоски-Бабец,  натпреварите можете да да ги следите на МРТ3 сервисот и на YouTube во живо.
Strugaonline
фото: Денис Дуковски

Facebook Коментари