Струшките џудисти освоија 20 медали во еден викенд

- Локални, Спорт
173
Струшките џудисти заблескаа на Државното првенство за деца и кадети, освојувајќи вкупно 16 медали .
Во категорија ,,деца” членовите на џудо клубот ,,Дрим“ освоија  четири златни , пет сребрени  и три бронзени медали покажувајќи го својот талент и одлучност.
-Во категоријата ,,кадети“ имајќи во предвид дека иако најголемиот дел од нашите џудисти кои настапија беа една категорија помлади (пионери) сите го дадоа својот максимум против жестоката конкуренција, и нивниот труд беше за пофалба. Освоија два сребрени и три бронзени медали, што го прави нивниот успех уште поимпресивен.“ – информираат од џудо клубот ,,Дрим“.
На меѓународната сцена во Ниш, Србија, струшките џудо шампиони со стопроцентен учинок го крунисаа и така успешниот ден освојувајќи два златни  и два бронзани  медали.
– Честитки за нашите џудисти за нивните извонредни резултати,  благодарност за целото посветено џудо семејство наречено ЏК Дрим Струга.  Иднината за нас е светла и загарантирана, и сме горди да продолжиме по тој пат сите заедно.-додаваат од клубот.
Strugaonline

Facebook Коментари