Струшките џудисти освоија пет бронзени медали на престижен натпревар во Ниш

- Локални, Спорт
208
Џудо клубот ,,Дрим“ од Струга  со седум џудисти ги покажа своите квалитети на престижниот Mеѓународен турнир ,,Ненад Цветковиќ Цвеле” во Ниш, Србија, на кој учество зедоа 380 џудисти од пет земји.
-Не можеме, а да не бидеме задоволни од нашите талентиран џудоки кои донесеоа вкупно пет бронзени медали назад во Струга.-велат од клубот
Со медали се закитија:
1. Лука Трца
2. Мила Стојанова
3. Мелани Јакуповска
4. Мартина Салви
5. Анастасија Блажеска
-Без пласман останаа Сергеј Блажески и Матеј Димитроски кои покажаа одлични борби.
 Честитки за нашите фантастични џудисти кои изобилуваат со талент и знаење и секако за тренерите на ЏК Дрим Струга за нивната макотрпна и посветена работа, одлучност и едукација. Тие долги години вложуваат напор и создаваат врвна спортска иднина за децата и џудо спортот во Струга.-додават од Џудо клубот ,,Дрим“.
Strugaonline

Facebook Коментари