Шест медали освоија џудистите од Џудо клубот ,,Дрим“ од Струга на новогодишниот турнир ,,Ivo Reya Kup” што се одржа во Цење, Словенија.
Тие во Струга се вратија со еден златен, четири сребрени и еден бронзен медал. Амар Бајрамоски освои златен медал, Катерина Клењоска, Мила Стојмиловска, Давид Спироски и Мишела Јаулевска се закитија со сребрени медали, а Елеонора Јосифоска освои бронзен медал. Драгица Рафтоска освои петто место.
,,Голема благодарност до нашиот пријател Субија Тајроски за великодушната гостопримливост со која направи нашиот престој во Словенија да биде прекрасен.,,-велат од џудо клубот ,,Дрим“ од Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари