Teшко повреден работник од Охрид – паднал од покрив

- Локални, Хроника
836

Во текот на вчерашниот ден, во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, бил донесен 47-годишниот С.Б. од Охрид со тешки телесни повреди во пределот на главата и ребрата.

– Поради сериозноста на повредите, С.Б. со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. С.Б. додека изведувал градежни работи на покрив, демонтажа на лесонитни табли, во еден момент паднал од покривот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

Извор: МВР

фoто: aрхива

Facebook Коментари