Тренерите и играчите задоволни од организацијата на турнирот, ветуваат добар ракомет

- Локални, Спорт
944

Непосредно пред почетокот на турнирот „Струга 2018“ своите очекувања на прес-конференција ги презентираа тренерите на сите осум екипи учеснички.

Еве што велат за своите екипи, овие звучни имиња во ракометот.

Ова е еден од најдобрите турнири во Европа, нормално дека со квалитет ние не припаѓаме на оваа структура на екипи, но сигурно дека ќе собираме искуство. Ова е нешто ново за нас. Тука имаме светски и олимписки прваци, мислам дека тоа е сега најважно за Струга како град домаќин. Тука сме за добар ракомет, најважно нешто е традицијата, овој турнир постои 46 години, до педесеттата посакувам само да напредува. Се надевам дека се ќе биде одлично бидејќи имав можност да видам изминативе четири недели како Наум Мојсоски и сите други во организацијата се трудеа и се мачеа за се да биде на потребното ниво. –Андон Бошкоски, тренер на РК Струга.

Чест ми е што сум дел од турнирот и во друштво на  колегите, играчите и квалитетните клубови. Секогаш ми е драго кога доаѓам во Струга и комуницирам со драги луѓе. Се чувствувам како дома и на сите им посакувам да одиграат одличен турнир, што помаку повреди ако е тоа можно. Веселин Вујовиќ – тренер на „Железничар“ од Србија.

Среќни сме и благодарни што ќе играме на овој турнир и со вакви екипи, ова за нас ќе биде добар тест бидејќи ова ќе ни биде прв натпревар кој што ќе го играме. Филипе Гардент – тренер на „Тулуз“ од Франција.

Дојдовме во прекрасна земја, ова е одлична можност за нас да се подготвиме добро за новата сезона, а истовремено да запознаеме тимови од различни земји. Очекуваме навистина добар ракомет. Никлас Клинберг – тренер на клубот „Алинксас“ од Шведска.

Многу ми е драго што сум тука, пред се затоа што сум стружанец и играм пред мојата публика. Драго ми е што „Еурофарм“ учествува на овој турнир со вакви квалитетни екипи. Ние ќе го дадеме својот максимум. Затоа сме дојдени тука, да играме со толку квалитетни екипи. За нас првенството почнува малку покасно, затоа повеќе работиме на физичка подготвеност. На овој турнир ќе ја градиме нашата форма за новата сезона во Супер лигата. Гоце Ојлески – играч во „Еурофарм“.

Што се однесува до нашата екипа, речиси за сите подготовките започнаа околу 20-ти и турнирот доаѓа во период кога сите ние треба многу да внимаваме на своето здравје. Но сепак, зборуваме за многу квалитетен турнир и одлични екипи. Ова е долга традиција и секоја чест за организаторите. Ние секогаш со задоволство ќе доаѓаме на вашите покани. Немања Прибакиграч во „Бешикташод Турција.

Можам да кажам само пофални зборови за организаторот, се потрудија да направат еден врвен европски турнир. Ова е посебна чест и добробит за македонскиот ракомет пред се. Се надевам дека сите екипи ќе го дадат својот максимум. Што се однесува до нашата и другите екипи, сите ние сме во еден тренажен процес. Тука сме да се уиграме добро. Ги повикувам сите љубители на ракометот да дојдат во што поголем број. Ѕвонко Шундовски – тренер на „Констанца“ , Романија.

 

Ова е прва година на овој одличен турнир кога учествува словенска екипа. Мислам дека нашата екипа е малку поинаква, носиме некои нови лица, имаме време до почетокот на првенството и ЛШ и се надевам дека ќе покажеме добри ракометни партии. Се надевам дека нема да има дожд бидејќи ќе играме под ведро небо. Бранко Тамше – тренер на „Целје“, Словенија.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари