Tриатлон клубот 3 Дисциплини оствари одлични резултати на три натпревари изминатиов викенд

- Локални, Спорт
444

Пливачкиот и триатлон клубот 3Дисциплини од Струга со само осум деца од тимот -Тија Кукунешоска, Олса Орани Миа Мачоска Марко Шаврески, Дамјан Бежаноски, Хади Исмаилоски, Јован Кутаноски, Симеон Јованоски, од вкупно 60 првотомци, викендот го завршија со голема жетва од медали.

,,Во само два дена нашите пливачи имаа феноменални три натпревари. Во петокот бевме дел од Државното првенство во хронометар во Стоби, со нашиот велосипедски клуб ,,Шампион систем“ каде што освоивме едно второ и едно трето место . Во саботата имавме пливачки ДЕЛФИН КУП во Скопје каде што освоивме две трети и едно второ и едно прво. Потоа, во Стоби учествувавме на Држаното друмско првенство каде што освоивме повторно второ и трето место.,,-информираше тренерот Никола Кутаноски.

Следниот викенд членовите на клубот 3 дисциплини ќе се натпреваруваат во триатлон и акватлон во Ријека,Хрватска, потоа им следува  маратон во Преспа и за крај на наредната недела ќе учествуваат на  Државното првенство во пливање во Охрид.

Strugaonline

Facebook Коментари