Успешен настап на ЖКК „СТРУГА 2009“ на турнир во Хрватска

- Локални, Спорт
599

Изминатиот викенд екипата на ЖКК „СТРУГА 2009“ предводена од селекторот Владимир Ѓоровиќ учествуваше на првиот турнир во женска јадранска лига за девојчиња до 17 години што се одржа во Ријека, Хрватска. Нашата екипа таму одигра два натпревари. Во првиот натпревар со екипата на Бадел 1862 од Скопје, славеше со резултат 59:51.  Во вториот натпревар со екипата на FSV од Ријека загубивме со резултат 70:57.

Следниот натпревар на нашите кошаркарки ќе биде на турнирот во Скопје, на 22-ри декември.

Strugaonline

Facebook Коментари