Влак Компани нуди одлична можност за вработување во Струга, Охрид и Дебар

- Локални, Маркетинг
2723

Влак Компани нуди одлична можност за вработување во Струга, Охрид и Дебар на следниве позиции:

  • Менаџер за директна продажба на терен
  • Грижа за корисници и телемаркетинг
  • Mенаџер за човечки ресурси

„Доколку вашите добри страни се одлични комуникациски способности , исклучителна корисничка грижа, позитивности и организираност Вие сте лицето кое го бараме“ велат од Влак Компани.

Оваа квалитетна компанија со долга традиција ви нуди:

  • бесплатна обука
  • плата и голема дополнителна заработка (за финансискиот дел ќе имате задолжително интервју)
  • преку наведените работни позиции ќе имате можност за напредување и ќе стекнете големо искуство за многу работни вештини во динамични услови за работа.

Кандидатите треба да поседуваат:

  • сопствено возило и валидна возачка дозвола
  • искуство во продажба или да поседува голем интерес за оваа работна област
  • амбициозност и флексибилност

Што се однесува до образованието, можат да се пријавуваат кандидати со минимум средна стручна спрема.

Сите заинтересирани, професионална биографија треба да испратат на меил адресата [email protected]. Конкурсот трае десет дена, веднаш по завршувањето на рокот за пријавување, кандидатите ќе бидат повикани на интервју.

Влак Компани успешно функционира во Охрид, Струга и Дебар. Станува збор за преставништво на странска компанија со традиција долга сто и пет години.

Тимот на компанијата е горд на квалитетот и многубројните задоволни клиенти. Во Влак Компани има веќе изградена взаемна доверба со клиентите и меѓу вработените, станете дел од нивниот тим.

StrugaOnline

Facebook Коментари