Внимавајте на патниот правец А2 Струга – г.п. Ќафасан – има дупки на коловозот

- Локални, Македонија
993

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка и Буково, но без проблеми во одвивањето на сообраќајот, информираат од АМСМ.

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Ѓавато е намалена до 100 метри.

Од АМСМ предупредуваат дека на патниот правец А2 Струга – г.п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до м.в. Добра Вода – с. Франгово (во должина од 3км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Извор: АМСМ

Фото: архива

Facebook Коментари