Во баражот за Супер лига РК Струга ќе се бори против Металург 2

- Локални, Спорт
765

Екипата на Металург 2 загуби од Прилеп на дуелот од последното коло од плеј-аут лигата во Супер машката лига и на тој начин остана на 9. место што значи дека оди на дуел со Струга во баражот за место во најсилната лига за следната сезона.

Металург 2 загуби со 27:29 и на тој начин и двете екипи завршија со еднаков број на поени. Сепак, Прилеп има подобар меѓусебен дуел од Металург и поради тоа финишираше на 5. позиција во плеј-аут лигата и неминовно беше да се најде во баражот.

Во Првата машка лига останува уште едно коло, но сигурно е дека Струга ќе биде во мечот од баражот бидејќи игра дома со Текстилец. Тоа значи дека двојката за баражот е Металург 2 – Струга, а средбата ќе се игра најверојатно на 9 или 10 јуни на неутрален терен.

Извор: 24rakomet

фото: архива

Facebook Коментари