Во сабота ФК Караорман е домаќин на езерското дерби, ,,Паткари“ ги повикуваат сите на стадион

- Локални, Спорт
326

Во сабота ќе се одигра 23-то коло од ВМФЛ, а во нејзини рамки следува езерското дерби помеѓу ФК Караорман и Охрид.  Струшките фудбалери ќе бидат домаќини, а натпреварот ќе се игра со почеток во 15:00 часот на стадионот ,,Караорман“.

 

Езерското дерби е секогаш посебно интересно за сите љубители на фудбалот и за навивачките групи, така што се очекува стадионот да биде полн со навивачи.

Својот повик го објави и навивачката група ,,Паткари.“

,,Повик до СИТЕ, општа мобилизација на целото членство, на сите кои некогаш застанале на нашата трибина, на сите кои го сакаат фудбалот, на сите кои ЦРВЕНО – БЕЛАТА боја им е света.
Во САБОТА сите на ДЕРБИ !!! СОБИР: 12:00ч Парк на Поезија.,,-стои во објавата.
Strugaonline

Facebook Коментари