Започна летната школа за едрење 2018

- Локални, Спорт
1079

Едриличарскиот клуб „Снегар“ од Струга од месец  јуни ја започнува јуниор -програмата за едрење, која е наменета за деца од 6-15 години. Младите едриличари ќе бидат обучувани во едрилици од класата „Оптимист“ каде што ќе имаат можност да ја совладаат техниката на едрењето под контрола на професионални тренери.

„Целта на оваа програма е и понатаму да се развива едрењето со нови членови кои ќе ја продолжат традицијата  на овој локален клуб познат на светско ниво. Ги повикуваме младите љубители на едрењето на „Школата за едрење 2018“ која што опфаќа учење на техниките на едрењето, основни регатни правилата, безбедност на вода, моделарство и пливање (со други психомоторни вежби) како основа за учество на натпревари. “-информираат од клубот.

Учесниците на школата ќе бидат групирани според тежината, возраста и искуството. Кампот ќе се одржи помеѓу 13.06.2018 и 01.09.2018 во просториите на едриличарскиот клуб Снегар во Струга. Школата се одржува во термини од 10.00-13.00 и 14.00-17.00 од понеделник до петок.

Клубот обезбедува професионални тренери, гумењак за тренинг и безбедност на вода, закуски и освежувачки пијалоци за едриличарите.

Потребни документи за пријавување се: формулар за пријавување  и согласност од родител

По завршувањето на месечната обука новите едриличари кои сакаат да продолжат да едрат се ослободени од плаќање на годишна чланарина и стануваат активни членови на клубот. (30% попуст за членови од исто семејство).

Strugaonline

Facebook Коментари