Започна новогодишното украсување во Струга

- Локални
933

Во согласност со одлуката на последната седница на Советот на Општината Струга, ЈП Комунално – Струга пристапи кон реализација на одлуката за набавка на Новогодишна опрема и украсување на градот Струга.


„Задолжениот тим во склоп на ЈП Комунално – Струга, изминативе денови започна со Новогодишното украсување на градот . Се поставуваше носивата конструкција помеѓу канделабрите на главната улица „Маршал Тито“  и веќе се отпочна со поставување на украсните светилки.“ – информираат од ЈП „Комунално“.

Strugaonline

Фото: ЈП Комунално

Facebook Коментари