Жител на село Јабланица нападнат од неколку лица- има тешки телесни повреди

- Локални, Хроника
1238

На 15.10.2018 година во 18.50 часот во Полициската станица Струга, Н.Б.(39) од село Јабланица, струшко, пријавил дека истиот ден околу 14.00 часот, додека се наоѓал на патот за село Богојци за да врши сеча на дрва со претходно добиена дозвола, физички бил нападнат од неколку непознати лица. Според пријавата, на местото прво дошло едно лице кое било облечено во зелена облека со натпис од Шумско стопанство и не му дозволило да ја изврши сечата. По кратко време со возила дошле уште неколку лица, кои по кратката расптравија физички го нападнале Н.Б.. После тоа, Н.Б. бил однесен во болницата Св.Еразмо каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари