ЖКК Струга 2009 со победа ја заврши годинава и обезбеди место во Купот на Македонија

- Локални, Спорт
317

Во рамки на 11-то коло од прва А лига жени, ЖКК Струга 2009 ја совлада екипата на Пробаскет од Кавадарци со резултат 69:48. По четвртини: (20:10;16:14;21:11;11:13).

Најдобри во нашата екипа беа: Томпсон со 17 поени и 15 скокови, Шеќероска со 16 поени и 12 скокови, Стојановска со 12 поени, 4 скока и 6 асистенции, Џутеска постигна 7 поени и 3 скокови, Устијанова и Зендели по 4 поени, Зенку 3 поени, Модева, Пешиноска и Укоска по 2 поени.

Најдобра во редовите на гостинската екипа беше Костадинова со 16 поени и 10 скокови.

,,Со овој натпревар ја завршуваме 2021 година. По изграни 11 натпревари имаме 7 победи и четири порази. Со оваа победа обезбедивме учество на Куп на Македонија.,, – изјави тренерот Владимир Ѓоровиќ.

ЖКК Струга 2009 сега оди на кратка пауза до 3-ти јануари 2022, а потоа продолжуваат со работа и на 22.01 и гостуваат на екипата на Крива Паланка.

Strugaonline

Facebook Коментари