ЖКК Струга 2009 со убедлива победа над тимот од Крива Паланка

- Локални, Спорт
657

После два стартни порази во суперлигата во женска конкуренција, од фаворитите Баскет Кам и Варадр, ЖКК Струга 2009 забележа убедлива победа на гостување во Крива Паланка. Нашите кошаркарки славеа со 55:92 (21:23;18:20;06:21;10:28) . Најдобри во нашата екипа беа српските интернационалки Спаиќ со 24 погодоци и 5 асистенции и Лаковиќ со 21 погодок, 13 скокови и 4 асистенции. Зендели постигна 12 погодоци, Стојановска 11 погодоци, 4 скокови и 4 асистенции. Модева имаше 11 погодоци и 4 скока, а Вељаноска постигна 9 погодоци. Кај домашната екипа најдобри беа Маријановиќ со 25 погодици и 16 скокови и Ѓоргиевска со 10 погодоци и 6 скокови.

Во среда, ЖКК Струга 2009 на домашен терен ја пречекува екипата на Баскет Кам во рамките на 4-то коло од Супер-лигата.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари