ЖКК Струга 2009 загуби од Пробаскет, Климентина Модева блесна со 23 поени, 21 скок и 3 блокади

- Локални, Спорт
243
Втор пораз доживеаа струшките кошаркарки во Второто коло. Tие загубија од екипата на Пробаскет  со резултат 53:73 ( 11:10;11:18;12:23;19:22). Но струшката кошаркарка Климентина Модева постигна неверојатен успех. Таа имаше досега нестварен учинок ,можно и рекорд во македонска женска кошарка 23 поени, 21 скок и 3 блокади
Освен Модева, најдобри во нашата екипа беа  Ајана Мазик со 9 поени ,4 скока, Алексиеска 7 поени, Крацоска постигна 5 поени, Хиса 4 поени, Зендели 3 поени и  Белкоска 2 поени. Кај гостите најдобри беа : Јовановиќ 17п Миткова и Платер по 15 поени.
Strugaonline

Facebook Коментари