Два нови случаи на коронавирус во Струга

- Локални, Македонија
2461

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Во текот на прес-конференцијата Институтот за јавно здавје потврди уште 2 позитивни пациенти, така што бројката наместо 16 како што соопштив на прес-конференцијата изнесува точно 18. – информираат од Министерството за здравство.

По градови: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга – 2, Струмица – 1, Дебар – 1, Тетово – 1, Гевгелија – 1

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 259 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје – 145
– Дебар – 46
– Куманово – 21
– Штип- 14
– Прилеп – 8
– Велес – 6
– Тетово – 5
– Струга- 5
– Охрид – 3
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1
– Гевгелија – 1
– Струмица – 1

Strugaonline

Facebook Коментари