Македонија доби условена покана за почеток на преговори за членство во ЕУ

- Македонија
664

Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, на вчера-одржаната седница донесе одлука преговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни 2019 година.

Поканата за почеток на преговорите за Македонија е условена. До наведениот датум земјата мора да исполни четири услови: да го спроведе договорот со Грција, да ги спроведе итните реформски приоритети, да добие позитивен извештај од Европската Комисија и одлука од Советот на ЕУ.

„Европската Унија и лидерите на сите земји членки ја препознаа Република Македонија како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи, на инклузивност и на општествен дијалог. Држава која со силна, добронамерна политичка волја ги решава споровите со соседите и земја на граѓани кои покажаа дека имаат јасно изразена визија за европска иднина. Патот на реформи и градењето на нашата земја како држава по европски правила, е неповратен процес.

Остануваме на реформскиот курс. Пред нас имаме конкретна цел. Сега граѓаните на Република Македонија можат да кажат силно и слободно – Да, за Европска Македонија! Силно „Да“ за македонската иднина, за нашата заедничка иднина.“ – стои во дописот на владината прес-служба.

Strugaonline

Facebook Коментари