Од Октомври 2017 – УЈП нема да доставува Решенија за радиодифузна такса

- Македонија
890
 Согласно Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кој се укинува радиодифузната такса, од УЈП информираат  дека со доставата на Решенијата за месец Септември 2017 година, Управата за јавни приходи ќе прекине со достава на Решениија за утврдување на оваа јавна давачка.

Граѓаните и фирмите (обврзниците за РДТ) имаат обврска да извршат плаќање на сите заостанати долгови по Решенија за РДТ за периодот Јанури 2011 година заклучно со Септември 2017 година.

За сите специфични случаи, а со цел уредно затворање на финансиските картици кои УЈП ги води за обврзниците на РДТ (граѓани и фирми), ќе бидат објавени дополнителни информации на веб страницата на УЈП.

Извор: УЈП

Strugaonline

 

Facebook Коментари