Се отстранува името „Александар Велики“ од скопскиот аеродром

- Македонија
1240

Денеска рано наутро започна процесот на отстранување на името „Александар Велики“ кое стои на терминалната зграда на скопскиот аеродром.

Според најавите, планирано е отстранување и на англискиот назив кој се наоѓа од страната на аеродромската писта.

Отстранувањето на името го спроведува ТАВ Македонија, по претходна одлука донесена од страна на Владата на Република Македонија.

Ваквата одлука беше донесена на 4-ти овој месец, а новото име ќе биде „Меѓународен аеродром Скопје (Skopje International Airport).“

Се менува и името на автопатот „Александар Велики“ во „Пријателство“

Фото: архива

Facebook Коментари