Туристички агениции: Грција останува топ дестинација за летување за македонските граѓани

- Македонија
672
Грција останува топ дестинација за летување за македонските граѓани. Најголем дел од нив ќе одмараат во туристичките места во соседна Грција, иако годинава аранжманите се поскапи за разлика од лани, а воведена е и туристичка такса којашто се движи од 0,5 до четири евра во зависност од сместувањето. Туристичките агенции велат дека има интерес и покрај тоа што цените се зголемени за околу 30 проценти и оти плаќањето на туристичката такса не претставува никаков проблем.
– Има интерес како и претходните години, а туристичката такса не претставува никаков проблем бидејќи цената е симболична. Аранжманите се поскапени и тоа го забележуваат туристите. Тоа не го диктираат агенциите, туку закупците од Грција. Преголема е конкуренцијата од српски и македонски агенции и нормално е да се зголемуваат цените. Но колку и да се поскапи цените, тоа не влијае врз нашите туристи и од година во година е се поголем бројот на патници кои патуваат во Грција, посочуваат од туристичките агенции.
Извор: МИА
Strugaonline

Facebook Коментари