Време: Врнежите од дожд продолжуваат и викендов – од понеделник слаби врнежи од снег

- Македонија
606

Денеска во Македонија ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни на исток и запад, а кон југ ќе има и услови за појава на грмежи. На планините ќе провејува слаб снег, а дневните температури ќе се движат во интервал од 5 до 13 степени. Во недела ќе преовладува слично време со дневна температура од 8 до 16 степени. Од понеделник се очекуваат слаби врнежи од снег и пад на температурите.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари