Заврши летото 2018-то, денеска календарски започна есента

- Македонија
1455

Ноќеска,  во 03:54 часот, на територијата на Република Македонија и на северната хемисфера календарски започна есента.

Во истовреме, на јужната Земјина полутопка почна пролетта. Првиот есенски ден трае 12 часа и 12 минути.

Есента, како и пролетта е споредно годишно време, за разлика од главните годишни времиња, летото и зимата. Есента е премин од високите летни температури, кон заладување на времето и подготовки за зимата.

На есенската рамноденица, по правило, денот и ноќта се со должина од 12 часа. Сонцето е најсилно на небесниот екватор и оди кон југ, каде изгрева точно на точката на мерниот исток и заоѓа точно на запад.

Според најавите од УХМР сончево и топло време ќе имаме до утре попладне, а потоа ќе настапи значителна промена на времето. Од вторник ќе има пад на температурите за десеттина степени, а ќе има и врнежи од дожд.

Есента ќе трае до 21-ви декември, кога ќе започне зимата.

 

Facebook Коментари