Избрани авторите за „Рукописи 40“, од нив 6 се од Македонија

- Македонија, Свет
845

Рекордни 69 автори беа селектирани на овогодинешниот конкурс за Рукописи 40 – Зборник на поезија и кратки раскази на младите луѓе од поранешна Југославија (издавач: Младински Центар Панчево).

Како и во последните неколку години, така и годинава поезијата е позастапена од прозата.

Избраните автори по држави се: Стефан Марковски, Маријана Јанческа, Михајло Свидерски, Ива Дамјановски, Дарко Димески, Биљана Димко (Македонија); Јернеј Кустерле, Нина Кремжар, Катја Горечан, Сара Фабјан (Словенија); Томислав Аугустинчиќ, Лана Бојаниќ, Антонио Карловиќ, Лука и Стјепан Делиќ, Вигор Вукотиќ, Моника Херцег, Тино Дежелиќ, Денис Ќосиќ, Горан Чолакхоџиќ (Хрватска); Емина Осмиќ Хајдаревиќ, Мерима Хандановиќ, Армин Стефановиќ, Енеса Махмин, Никола Микиќ, Никола Рончевиќ, Ѓорѓе Максимовиќ, Урош Бојановиќ, Емина Џелиловиќ, Нермин Делиќ, Младен Топиќ (Босна и Херцеговина); Марија Драгниќ, Барбара Делиќ, Јана Радичевиќ, Јована Бојовиќ, Наташа Гудељ (Црна Гора), како и: Марија Матиќ, Весна Барзут, Огнен Аксентијевиќ, Дамјан Унчевиќ, Стефан Станојевиќ, Сара Маѓар, Владан Плавшиќ, Сара Спасиќ, Ивана Димитријевиќ, Горан Стамениќ, Снежана Николиќ, Зоран Бар, Тамара Крстиќ Светлана Савиќ, Наталија Јовановиќ, Александар Станиќ Шкодриќ, Данило Бракочевиќ, Милица Милосављевиќ, Сања Филиповиќ, Невена Поповиќ, Ајтана Дрековиќ, Селвије Феризовиќ, Никола Дојиќ, Игор Иванишевиќ, Алекса Бошковиќ, Петар Видаковиќ Цветковиќ, Стеван Таталовиќ, Александар Славковиќ, Никола Марковиќ, Сергеј Ловрековиќ, Марко Краговиќ, Дејан Каназир, Јован Марковиќ, Христина Дамјановиќ (Србија).

Жирито во состав: Јасмина Топиќ (главен уредник), Драган Младеновиќ, Срѓан Гагиќ, Ана Ристовиќ (Словенија) и Звонко Танески (Македонија) ги одбра горенаведените автори во конкуренција од над 1 000 поетски творби и раскази од 395 автори од екс-Ју земјите.

Промоцијата на 40-то издание на зборникот „Рукописи“ е планирана во рамки на книжевниот фестивал кој ќе се оддржи од 18 до 21 мај во Белград и Панчево.

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари