Четкар на еден од најголемите музички фестивали во светот, Џава Џез Фестивалот во Џакарта

- Забава
765

Java Jazz Cetkar-Corea

Настапот на Четкар на еден од најголемите музички фестивали во светот, Џава Џез Фестивалот во Џакарта предизвика голем интерес во Индонезија и пошироко откако фестивалот на својата официјална вебстрана ( https://www.javajazzfestival.com/ ) ударно го најави концертот на македонскиот џез, соул, фанк артист рамо до рамо со музичката легенда Чик Кореа.

Издвојувањето на концертот на Четкар од  исклучително богатата музичка програма на Џава Фестивалот воедно претставува оргомно признание за неговата музика и кариера особено што на фестивалот оваа година ќе настапат голем број на интернационални музички ѕвезди меѓу кој Чик Кореа, Ричард Бона, Инкогнито, Ди Ди Бриџвотер, Артуро Сандовал. Дејв Векл, Нејтан Ист, Харви Мејсон, Серџио Мендез, Стенли Џордан, Бебел Жилберто и многу други имиња.

Facebook Коментари