Nina Kraviz приреди ноќ за паметење во Струга

- Забава, Локални
1660

Неколку илјади посетители синоќа во Струга имаа незаборавна забава во рамките на 9-то издание на Green Beach Festival, со настапот на фантастичната Nina Kraviz. За загревање на атмосферата најпрво беа задолжени  Ana Malo и Dejan Dex, по што следуваше настапот на дамата која се смета за најхаризматичен лик на електронската сцена во светски рамки,  Nina Kraviz.

Сибирската техно дива е позната по бескомпромисните и енергични диџеј-сетови со музика која многумина не би се осудиле да ја „вртат“, а во изминатата година имаше и завршни сетови на одбрани фестивали за кои потоа зборуваше цела планета.

Опишана е како сестран ди-џеј со умешност да ја восхити публиката, синоќа во Струга го направи токму тоа. Nina Kraviz приреди ноќ за паметење која дефинитивно ќе го одбележи ова лето 2018-то во Струга

Strugaonline

фото: Green Beach Festival

Facebook Коментари