Продолжува концертниот маратон на Каролина Гочева, концертите закажани за месец март пред распродавање!

- Забава, Музика
1106

Со концертен маратон кој започна на 23-ти февруари, поп дивата  Каролина Гочева го промовира својот најнов студиски албум насловен како „Извор“. Албумот содржи девет песни во префинет стил кој асоцира на уметност и романтика во најсофистицирана смисла на зборот. Албумот е вистинско музичко богатство ,а публиката знае да го награди квалитетот. Во Македонската опера и балет  Каролина до сега одржа три концерти, а четвртиот е закажан за вечерва во 21:00 часот. Поради големиот интерес, најавени се и концерти кои ќе се одржат на 1-ви, 2-ри и 3-ти март.

„Концертите на Каролина за 01, 02 и 03-ти март се пред РАСПРОДАВАЊЕ! Побрзајте со набавување на вашите билети, бидејќи останаа уште навистина малку. Билетите по цена од 800 денари можете да ги набавите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн.Со секоја купена влезница следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот “Извор”.“ – информираат од Авалон продукција.

Strugaonline

фото: Авалон продукција

Facebook Коментари