ВИДЕО: Еве ја песната со која Јана Бурческа ќе ја претставува Македонија на изборот за песна за Евровизија

Официјалната промоција на видеозаписот на песната „Dance Alone“, со која Јана Бурческа во мај ќе ја претстави Македонија на 62-то издание на изборот за песна за Евровизија, во Киев, Украина, се случи во емисијата „Стисни плеј“ на МТВ.

Јана Бурческа ќе настапи на 11 мај во првата половина на второто евровизиско полуфинале, а дополнително се очекува од продуцентите на шоуто да биде одреден и конечниот редослед.

Оваа година настапуваме во сосема поинакво светло за разлика од минатите години, и се надеваме дека ќе имаме подобар резултат.

Facebook Коментари