Истражување: 10.000 чекори на ден за здрав живот

- Здравје
1341

10.000 чекори дневно се доволни за двојно да го намалите ризикот од прерана смрт. Најновите истражувања покажуваат дека движењето позитивно влијае на срцето, го намалува лошиот холестерол и ги подобрува мозочните функции. Во низата бенефити од движењето се вбројуваат и позитивното влијание на густината на коските но и на расположението, што значи дека освен на физичката, пешачењето влијае и на психичката состојба на човекот.

Во студијата спроведена  на Универзитетот Стенфорд, (во 2014та година)  утврдено е дека движењето го подобрува креативното размислување (генерирање на нови идеи и начинот како да се спроведат истите) – пишува Daily Mail.

Во истата студија се наведува и дека не е важно каде, туку дека е важно единствено само да се движиме, без разлика дали тоа го правиме во отворен или затворен простор.

Според оваа студија  одењето е дури поздраво и од трчањето кога станува збор за активности кои го чуваат срцето и крвните садови.

Facebook Коментари