На 25-ти декември 2017 излезе во јавност првиот сингл од музичкиот проект наречен “Astrolungs”. Проектот е составен од членови на повеќе афирмирани македонски групи кои работат во изминатите 15 години.
Воведната нумера “Прав” е најава за претстојниот албум, снимен во 2017 година во студиото “Enterprise” на Валентино Скендеровски, а истиот ќе се објави во целост во 2018 година.
Видеото е во режија и монтажа на Fitz, а позади камерата е концертниот фотограф Стефан Рајхл.
Strugaonline
Facebook Коментари