„Суперхикс“ ќе промовираат винилно издание од нивниот албум “АНДЕРГРАУНД ЕВЕРГРИНС“

- Музика
933
 
Групата „Суперхикс“ утре со почеток во 12:00 часот пред музичката продавница  „Југотон“ во ГТЦ ќе одржат промоција на винилното издание за нивниот последен албум  насловен како “АНДЕРГРАУНД ЕВЕРГРИНС“ во издание на Југотон Рекордс.
Од групата информираат дека е испечатен и колор винил (лимитирана едиција само 150 парчиња) и истите ќе се продаваат по промотивна цена само на денот на промоцијата!
За време на промоцијата планиран е коктел и краток концерт.
Strugaonline

 

Facebook Коментари