Вардар е шампион на СЕХА-лигата

- Спорт
693

Македонскиот шампион Вардар е староновиот првак на СЕХА-лигата. До својата четврта титула во ова регионално натпреварување стигна со победата против ППД Загреб.

Иако важеше за голем фаворит, Вардар мораше да се помачи за да го совлада денеска мотивираниот тим на Загреб, кој до крајот се бореше за титулата, но мораше да го признае квалитетот на Вардар и да се задоволи со второто место во сезоната 2017/18.

Вардар – ППД Загреб  26:24 (14:13)

Третото место го освои екипата на Цеље ПЛ, која го совлада демотивираниот Мешков Брест, со резултат 31:28.

Мешков Брест – Цеље ПЛ  28:31 (14:15)

Извор и фото: rkmetalurg.mk

Facebook Коментари