Вардар со одлична игра ја совлада Барселона

- Спорт
693

Вардар останува лидер во А групата од ЕХФ лигата на шампионите откако го победи и декласираше тимот на Барселона со 27-24 (16-12). „Црвено-црните” сега во групата имаат 9 бода, еден повеќе од Рајн Некар и два повеќе од ПИК Сегед и Барселона.

Ова е втора победа по ред на Вардар над Барселона во лигата на шампионите, по онаа во полуфиналето во Келн, и прва во групната фаза од ЛШ.

Вардар имаше одлично прво полувреме, па по израмнувањето од 6:6 во 13-та минута , следуваше период кога успеа да се одлепи од противникот со +5, а потоа и +6. Во второто полувреме Вардар продолжи да игра со победничко темпо и победата беше сосема заслужена.

Арпад Штербик мечот го заврши со 15 одбрани, а Вуко Борозан постигна 6 гола. Хорхе Македа даде 5, а Лука Циндриќ и Тимур Дибиров по четири голови.

Извор и фото: rkvardar.mk

Strugaonline

 

Facebook Коментари