Четири лица загинаа во сообраќајката која се случи на магистралниот пат Охрид-Ресен

- Локални, Хроника
964

На магистралниот пат Охрид-Ресен, кај место викано „Рибник“ во близина на селото Крушје, вчера околу 16:30 часот се случила сообраќајна незгода во која животот го загубија четири лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од М.Р.(67) од Битола, патничко моторно возило „Ауди А4“ со битолски регистерски таблици управувано од С.Н. (34) од селото Вашарејва и патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистерски таблици управувано од страна на 27-годишниот  И.Т. од охридското село Лескоец. Во незгодата од здобиените повреди на самото место починале возачот М.Р. и сопатничката во неговото возило М.Р.(65) од Битола, како и Д.С.(59) и Ц.С.(53) од селото Трновци, двајцата сопатници во патничкото возило „Ауди“. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош од Ресен, додека возачот на „Аудито“ С.Н била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидни екипи од Полициската станица Ресен и Полициската станица Битола. Телата на починатите биле пренесени во Клиничката Болница во Битола за обдукција. Сообраќајот бил во прекин од 17.00 до 20.30 часот. Се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари