Дечињата во Струга беа дел од манифестацијата „Бадникови поворки“

- Локални
1153

Со познатата  Божиќна  песна и носејќи ги  божикни ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус,  и дечињата во Струга беа дел од манифестацијата „Бадникови поворки“ која се одржува во сите градови низ Македонија.

Преку носењето на  специјално украсени пештери на кои е претставено Рождеството Христово децата на најдобар начин ја прикажаа симболиката на големиот празник. Бадниковата поворка тргна од црквата Свети Ѓорѓи, а потоа Божиќната песна се слушаше низ улиците на градот.

На оваа манифестација на ниво на Македонија учество зедоа повеќе од 7 000 дечиња.

Strugaonline

Фото: Славица Панова

Facebook Коментари