Охриѓани ќе играат за Јане- хуманитарен турнир во ракомет и мал фудбал

- Локални, Спорт
939

На 10-ти декември во Спортскиот рекреативен центар „Билјанини извори“ со почеток од 11:30 часот Охриѓани ќе играат за малиот Јане Велковски од Скопје, момче кое на сите ни ги освои срцата.

„Ги повикуваме сите хумани Охриѓани на едно место, заедно да дадат силна поддршка на лицата со ретки болести.
Малиот Јане Велковски од Скопје, нашиот голем херој, ќе брани за ФК Охрид Топ Тим. Лавовите од Лихнидос ќе играат против тимот на Општина Охрид, а судии ќе бидат Томислав Тунтев, Живка Ангелоска, Кирил Пецаков и Дејан Пановски.  Влезот е  бесплатен.„ – велат организаторите.

Strugaonline

Facebook Коментари