Претставата „Жена ми се вика Борис“ утре ќе се игра во Охрид

- Локални
861

За сите љубители на театарската уметност во Охрид, Театар Комедија од Скопје утре доаѓа на охридска сцена  каде ќе настапи со претставата „Жена ми се вика Борис“, во режија на Синиша Евтимов, по текст на Рафи Шарт.

„Жена ми се вика Борис“ е модерна фарсична комедија, дело на Рафи Шарт, еден од најпознатите современи француски комедиографи, чии текстови доживуваат неверојатен успех на театарските сцени ширум светот. Познат по своите прецизни заплети, тој е еден од легитимните наследници на Жорж Фејдо.

Неговата провокативна лиценца поетика лесно комуницира со публиката, а неговите карактери се огледало на животот што го живееме.

Комедијата „Жена ми се вика Борис“, со оригинален назив „Жена ми се вика Морис“ доживува и филмска верзија и тоа со забележителен успех. Инаку, овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија: Проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото, се вонвременски.

Приказната се врти околу едни сопружници Алек и Марија Топкареви, навидум нормален пар. Тие се обидуваат да го продадат станот во кој живеат…

Во претставата играат: Сашо Ристовски, Роберт Ристов, Мими Поповска – Ристов, Александар Михајловски, Жаклина Петровска, Столе Мицов, Ева Скендеровска.

Strugaonline

Facebook Коментари