Стружани и ноќен клуб „Оаза“ – заедно растевме и се вљубувавме во музиката и журките

- Забава, Локални
1465

07 -ми декември 1990 година…Струга град на позитивни луѓе кои сакаат добра забава. Истата им се нуди токму на тој датум. Отварањето на ноќен клуб „Оаза“ кое се случило пред точно 27 години е урбана приказна создавана со љубов, во добро време и со добар ритам. Стружани уште тогаш докажале дека позитивната вибрација и енергија знаат да ја почувствуваат од прва….

Ноќен клуб „Оаза“ уште од 1990 година стана синоним за добра журка, но и синоним за првите љубови, првите скриени погледи….растење во вистинска смисла на зборот. Зад шанкот навистина пораснаа многу стружани кои таму работеа, а денеска се успешни луѓе на кои е горд овој град. На подиумот на Оаза често настапуваа звучни имиња, како Сашо Гигов Гиш, Игор Атанасовски Харе, Банкрот Блуз Бенд, Игор Џамбазов. Но Оаза имаше отворени видици кои ги поминаа македонските музички граници, така, во Оаза настапуваа и Бора Џорба, Ксенија Пајчин, Галија и други.

Пејачите пееа, танчерите танцуваа. Ноќен клуб „Оаза“ изгради систем со разновиден жанр на музика, но изгради и своја препознатлива традиција. Вистински пример за тоа е првиот маскембал организиран во ноќен клуб „Оаза“ во 1991 година. Тоа е традиција која се негува и до ден денес. Но, забавите во Оаза зрачеа и се уште зрачат со искреност, маскембал има само со повод.

Денеска „Оаза“ заслужено постои после 27 години затоа што знае да влезе во чекор со времето и да ги следи трендовите. Ние пораснавме со Оаза, а и таа со нас.

StrugaOnline

Фото: Архива

Facebook Коментари