Алтернативниот рок состав „Визија“ го објави својот прв албум насловен „Гласно!“

- Музика
1020

Скопскиот алтернативен рок состав „Визија“ неодамна го објави својот прв албум насловен „Гласно!“. Албумот за прв пат беше претставен со концерт во Младинскиот културен центар во Скопје, а викендов ќе биде промовиран и надвор од границите на Македонија. Најпрво, на 24 март (петок), бендот ќе одржи концерт во „Култ Студент“ во Бор, Србија, а наредниот ден, во сабота ќе настапи во клубот „RockWood“ во Заечар.

 

Мини турнејата ќе заврши со настап назад во Скопје, во недела, на хуманитарен настан кој ќе се одржи во „Клуб на новинари“ со почеток од 20:30 часот.

Неколку дена претходно, Визија го објавија и нивниот нов видео запис за песната „Гласно!“

Facebook Коментари