Димитар Андонвски со нов видео запис

- Музика
939

По повеќе месеци емитување “Само ти“ доби и свој видео запис. Песната, односно музиката и аранжманот ги потпишува Лазар Цветкоски, а текстот е дело на Магдалена Цветкоска Ена.

Во видео записот се појавува и младата актерка Душица Тренова, видеото се снимаше на повеќе локации во Катланово и Козјак во изработка на Горила Филмс.

Димитар Андоновски продолжува да работи со Тајфата и го снимаат нивниот прв заеднички албум во студиото на Лазар и Магдалена Цветкоски.

 

Facebook Коментари