Maкедонија со висока предност ја совлада Романија

- Спорт
825

Пред денешната средба Романците навестуваа дека се дојдени да победат, но од “Борис Трајковски“ заминаа со “полна мрежа“. Македонија синоќа многу полесно од очекуваното дојде до висока победа, после која и самиот романски селектор Чави Пасквал призна дека е превисока и дека Романија не ќе биде во состојба да ја достигне во Клуж.

Македонската репрезентација целата средба ја одигра во еден здив, со голема желба баражот да го реши уште во Скопје. Романците само во воведните неколку минути ги искористија своите шанси и поведоа со 2:0. Се после тоа, а почна со наша серија од 6:0, беше во знакот на Македонија, која, носена од одбраните на расположениот Ристовски, просто ја разби одбраната на Романците и во 15. минута поведе со 8:2. Оваа разлика ја одржувавме се до пред крај на првото полувреме, кое заврши со резултат 15:10.

Ништо не се измени ниту во второто полувреме, во кое Македонија во 43. минута ги имаше максималните +10, 24:14. Иако средбата  напите ракометари ја завршија со позитива од 8 гола, се чини дека Романците имаат причина да бидат задоволни, бидејќи разликата многу лесно можеше да биде и далеку преку десет гола.

За три дена  следува реваншот во Клуж, а нашите репрезентативци ветуваат дека и таму ќе играат на победа. Се на се, Македонија ја очекува убава перспектива на настап на СП во Германија и во Данска.

.

Македонија – Романија  32:24 (15:10)

Сала: СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 5000.

Македонија: Ристовски (13 одб., 1 сед.), Митревски, Манасков 5, Велковски, Стоилов 3, К. Лазаров 8, Прибак, Талески 3, Миркуловски 3, В. Маркоски, Н. Маркоски, Георгиевски 4, Ф. Лазаров, Кузмановски 3, Поповски 1, Пешевски 2.  Седмерци: 4/7.   Исклучувања: 6 мин.

Романија: Попеску (5 одб., 2 сед.), Станеску, Кабут, Мочану 1, Бујор, Рамба 1, Росу 3, Ротару 1, Григорас 2, Јонеа 4, Ракотеа 5, Садовеак 2, Черпеги 2, Хурмет. Гаминде 1, Фотаче 1, Милитару 1.    Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 12 мин.

Судии: Ваидас Мазеика и Миндаугас Гателис од Литванија.

Делегат: Антон ван Донген од Холандија.

Извор и фото: rkmetalurg.mk

Facebook Коментари