Нешто повеќе за новата школа за ракомет “Струга”

- Локални, Спорт
1392

Школата за ракомет ,,Струга” врши упис на нови членови. Сите млади вљубеници во ракометот имаат вистинска можност да го развиваат својот талент во нови услови.

Ребрендирани во Академија ,,Кирил Лазаров 7” со нови сили во нови спортски победи. Во тек е формирање на рекреативна и професионална група. Сите членови ќе имаат бесплатни прегледи во Поликлиника ,,Филип втори” во Битола, топки, реквизити, маици од ,,Хумел”.

Во склоп на школата ќе има и ангажиран психолог како и редовни средби со родителите на членовите. Планирано е да се формира и женска ракометна група која спортски ќе биде едуцирана од страна на женски тренер. Освен спортот, академијата има за цел да се грижи за анимација и социјализација на своите членови.

По тој повод ќе се организираат и планинарски тури како и дружење со членовите на другите школи за ракомет низ Македонија кои се дел од академијата.

Тренинзите ќе се одржуваат во спортскиот центар ,,Тими” и ПУ ,,Јахја Кемал” Сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефоните: 070 801 157 и 078 432 286.

Facebook Коментари