Вардар ја почнува одбраната на титулата во Охрид

- Спорт
1118

Одбраната на титулата во домашното првенство ракометарите на Вардар ќе ја почнат на гостински терен во Охрид веќе овој викенд. Ждрепката за двојките сакаше дербито на македонското првенство меѓу Вардар и Металург да се игра во 5. и 10. коло.

Во плеј офот покрај Вардар и Металург се уште и екипите на Пелистер, Еурофарм Работник, Охрид и Пролет. Ќе се играат десет кола и првак ќе биде онаа екипа што ќе освои најмногу бодови.

Втора екипа „Вардар јуниор“ ќе игра во плеј аутот и во првото коло викендов гостуваат кај Радовиш. Таму се пренесуваат бодовите од натпреварите на екипите со кои играле во регуларниот дел од сезоната а сега се среќаваат во плеј аутот. Вардар јуниор тргнува со 9 бодови.

Распоред на натпревари од плеј-оф
1 коло (24/25.03): Охрид – Вардар
2 коло (31.03-01.04): Вардар – Еурофарм Работник
3 коло (14/15.04): Пелистер – Вардар
4 коло (28/29.04): Пролет – Вардар
5 коло (05/06.05): Вардар – Металург
6 коло (09/10.05): Вардар – Охрид
7 коло (12/13/05): Еурофарм Работник – Вардар
8 коло (23/24.05): Вардар – Пелистер
9 коло (26/27.05): Вардар – Пролет
10 коло (02/03.06): Металург – Вардар

Распоред на натпревари од плеј аут
1 коло (24/25.03): Радовиш – Вардар јуниор
2 коло (31.03-01.04): Вардар јуниор слободен
3 коло (14/15.04): Вардар јуниор – Прилео
4 коло (28/29.04): Металург 2 – Вардар јуниор
5 коло (05/06.05): Вардар јуниор – Металург
6 коло (09/10.05): Вардар јуниор – Радовиш
7 коло (12/13/05): Вардар јунио слободен
8 коло (23/24.05): Прилео – Вардар јуниор
9 коло (26/27.05): Вардар јуниор – Металург 2
10 коло (02/03.06): Борец – Вардар јуниор

Извор и фото: rkvardar.mk

Facebook Коментари