Денот на македонската полиција одбележан во Струга, Охрид и Дебар

- Локални
2084

7 мај, денот на македонската полиција пригодно беше одбележан во полициските станици во Охрид, Струга и Дебар.

На пригоднатата свеченост одржана во СВР Охрид присуствуваа градоначалниците на Охрид и Дебрца-Јован Стојаноски и Зоран Ногачески со своите работни тимови, претставници на службите во локалната самоуправа, претставници на правосудните органи, на подрачните единици на министерствата, на јавните претпријатија , на царината, одбраната, на Црвениот крст,  на здружението на пензионерите и пензионираните работници во МВР како и други официјални лица-партнери во работата на СВР Охрид.

На свеченоста во Охрид, свои обраќања имаа  градоначалникот Јован Стојаноски, началникот на СВР Охрид Сашо Смилески и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Градоначалникот Стојаноски, на полициските службеници им посака повеќе превентивни задачи, задачи кои ќе се насочени кон обезбедување на мирот и безбедниоста на граѓаните. Ја нагласи одличната соработка меѓу полицијата и Локалната самоуправа, се со цел граѓаните  да имаат помирен и побезбеден живот. Стојаноски упати честитки до полициските службеници и желби за добро здравје и успешна работа.

Началникот на СВР- Охрид Сашо Смилески во своето обраќање рече дека дека СВР Охрид на целото подрачје што го покрива, своите работни обврски и задачи на безбедносен план ги извршува крајно професионално, посветено и пожртвувано.. Нагласи дека законитоста во работењето, владеењето на правото и демократските принципи, професионализмот, етичноста и транспарентноста се основниот белег во комплексната  полициска работа.

Куса презентација за севкупното работење  на СВР Охрид имаше портпаролот Стефан Димоски, со посебен осврт на откривачката функција на полициските службеници. Нагласи дека во изминатиот едногодишен период, процентот на остварена реализација е 40%, што претставува зголемување во однос на 36-те проценти во периодот 2016-2017 година. Лани, СВР Охрид евидентирала сообраќајни незгоди со вкупно 9 жртви, додека годинава-две жртви од сообраќајни незгоди. Во делот на  јавниот  ред и мир, во периодот мај 2016 април 2017 се случиле 58 тепачки, додека во периодот мај 2017 – април 2018 година евидентирани се 51 тепачка. Сите дела се реализирани со пронаоѓање на сторителите и поднесување кривични пријави. СВР Охрид претставува исклучително транспарентна институција,. Од 2008 година кога се оформија канцелариите за односи со јавноста, до денеска лиферувани се околу 2000 соопштенија до медиумите, околу 800 прес  конференции , што покажува дека денеска СВР Охрид претставува отворена институција блиска до граѓаните работејќи пред се по концептот работа со заедницата.

На Денот на македонската полиција, полициската станица од Струга ја посетија педесеттина ученици од Основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Струга. Најмладите на полицајците им го честитаа празникот и им посакаа помалку безбедносни проблеми. Во посета на полициската станица во Дебар, денеска беше градоначалникот Ружди Љата, претставници на двете верски заедници и други лица. Љата го посочи фактот дека Дебар како град симбол на соживотот и верската толеранција продолжува да живее во тој дух и ја нагласи потребата од поголема професионалност на полицијата и реализација на задачите.

Извор и фото: СВР Охрид

Strugaonline

 

 

 

 

 

Facebook Коментари