ЏК ,,Дрим“, ,,Порака Нова“ и партнери од Србија и Романија креираа Инклузивниот џудо прирачник за лица со интелектуална попреченост

- Локални, Спорт
281

Џудо клубот ,,Дрим“- Струга и Порака Нова Струга, заедно со партнерите од Србија и Романија, го креираа Инклузивниот џудо прирачник со адаптирани џудо техники за лицата со интелектуална попреченост, во рамки на проектот Џудо за сите (Judo4All), поддржан од Европската Унија.

,,Примарната цел на овој прирачник е да охрабрат што повеќе џудо клубови во земјата и регионот да практикуваат инклузивно џудо во рамки на нивните тренинзи.“-информираат креаторите.

Додаваат дека во овој прирачник ќе може да се прочитаат информации како џудото може да се направи да биде одличен инклузивен спорт, кои бенефити ги носи овој спорт за лицата со интелектуална попреченост, но и ќе служи како алатка за адаптирани џудо техники и игри, кои  се снимени и во видео формат.

Прирачникот можете да го најдете на следниов линк 

Strugaonline

 

Facebook Коментари